Млаки Христијани

Така и верата: ако нема дела,
мртва е сама по себе.
Свето Писмо – Јаков 2:17

Ќе дојде време кога луѓето нема да го слушаат правилното учење. Напротив, за да си најдат оправдување за своите грешни страсти, ќе си повикаат многубројни учители што ќе им го кажуваат она што сакаат да го слушнат.
Ќе престанат да ја слушаат вистината и ќе се свртат кон бесмислени митови.
Свето Писмо – 2 Тимотеј 4:3-4

И така, по нивните плодови ќе ги познаете.“ „Не секој што Ми вели: ‚Господи, Господи‘, ќе влезе во царството не­бесно, туку оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец небесен. Мнозина ќе Ми речат во оној ден ‚Господи, Господи, нели во Твое име пророкувавме? И зар во Твое име де­мо­ни не изгонувавме? И нели во Твое име многу чуда правевме?‘ И тогаш Јас ќе им кажам: ‚Ни­ко­гаш не сум ве познавал; бегајте од Мене вие што правите незаконски дела!‘“
Исус Христос во евангелие според Матеј 7:20-23

Тешко вам, вероучители и фарисеи, лицемери ниедни! Чашите и чиниите однадвор ги миете, а однатре се полни со она што сте го зеле преку грабеж и себично лакомство! Слеп фарисеју! Прво нека биде чисто тоа што е во чашата, па ќе ђ биде чиста и надворешноста! Тешко вам, вероучители и фарисеи, лицемери ниедни! Вие сте како варосани гробови кои однадвор изгледаат убаво, а внатре се полни со коски на мртовци и со изгниени трупови! На луѓето им се прикажувате како праведници, а однатре сте полни со лицемерство и гревови!“
Исус Христос во евангелие според Матеј 23:25-28

Тоа што сејачот го сее е Божјата порака. Тврдата почва, покрај патот, ги претставува луѓето што ќе ја чујат пораката, но веднаш доаѓа Сатаната и им ја одзема од срцето. Каменестата почва ги претставува оние што ја слушаат Божјата порака и веднаш со задоволство ја прифаќаат. Но таа во нив не се закоренува и тие остануваат верници само кратко време: штом ќе надојдат неволи или прогонства поради верата во Божјата порака, тие веднаш потклекнуваат. Трнливата почва ги претставува оние што ја слушаат Божјата порака, но прекумерните грижи за работи од овој земен живот и желбата да се збогатат и да имаат се и сешто ги заведуваат и ја задушуваат пораката во нив; така таа останува без плод.
Исус Христос во евангелие според Марко 4

Библија На Македонски
Logo
Shopping cart