Световните, телесни жени наспроти побожните, духовни жени

Вашата убавина да не биде само надворешна. Нека не се сведува на дотерување на косата, на накит и скапи облеки. Треба да зрачите со внатрешна убавина, со кроток и тивок дух, со нераспадлив накит, со она што е скапоцено пред Бог. 1 Петар 3:3-4

Жените да им се покоруваат на своите мажи, како на Господа Ефесјаните 5:22
И така, секој од вас да ја љуби својата жена како себеси, а жената да го почитува својот маж. Ефесјаните 5:33

Мажовото срце се надева во неа, и не ќе му недостига печалба. Таа му прави добро, а не зло, во сите дни на својот век. Изреки 31:11-12

Здравје и убавина е нејзината облека, и весело гледа на иднината. Со мудрост ја отвора устата своја, и кротка поука има на јазикот нејзин. Изреки 31:25-26

Од жените барам да изгледаат скромно. Да се облекуваат едноставно и пристојно. Да не привлекуваат внимание со дотерување на косата, скапи облеки или накит од злато и бисери. Жените што тврдат дека веруваат во Бог треба да привлекуваат внимание со добри дела. Треба да бидат тивки и покорно да примаат поуки. 1 Тимотеј 2:9-11

Миловидноста е лажлива, убавината е суетна: Жена со страв од Господа, заслужува пофалба. Дајте ѝ од плодот на нејзините раце, и нека нејзините дела ја прославуваат на Вратите. Изреки 31:30-31

Облечена е со сила и достоинство и весело гледа на иднината. Мудро ја отвора својата уста, и побожна наука ѝ е на јазикот. Внимава на поведението на своите домашни, и не го јаде лебот на мрзливоста. Нејзините синови се подигаат и ја наречуваат среќна, и нејзиниот маж ја фали: „Многу жени беа добродетелни, но ти ги надминуваш сите.“ Изреки 31:25-29

Зашто, кој се воздигнува, ќе биде по­ни­зен; а кој се понизува, ќе биде воздигнат.“ Матеј 23:12

Библија На Македонски
Logo
Shopping cart