Тој постои пред се и ги одржува сите нешта. Колосјаните 1:17
Исус им одговори: „Вистина, вистина, ви велам, пред да се роди Авраам, јас постоев“. Јован 8:58
Исаија 9:6
Зашто, ни се роди Дете, Син ни се даде, власта му е на рамото. Името ќе Му биде: Чудесен Советник, Силен Бог, Вечен Татко, Кнез на Мирот.
Откровение 1:17-18
Кога Го видов, паднав како мртов пред Неговите нозе! Тој ме допре со Својата десна рака и ми рече: „Не плаши се! Јас Сум Првиот и Последниот. Јас Сум Живиот! Бев мртов, но сега Сум вечно жив и ги имам клучевите од смртта и од Адот.

