Искажувајте Му почитување на Господа, својот Бог, па ќе ги благословувам твојот леб и твојата вода и ќе ја отстранам болеста од тебе. Излез (2 Moj.) 23:25
Ќе ставам пофалба во нивните усни. Мир, мир на оној кој е далеку и кој е близу,” зборува Господ, „Јас ќе те излечам.” Исаија 57:19
Еве, Јас ќе ја исцелам нивната рана, Јас ќе ги оздравам и исцелам и ќе им пружам изобилство на вистинскиот мир. Еремија 33:6
Мојот Бог, по Своето богатство, нека ја исполни секоја ваша потреба, за слава преку Христос Исус. Филипјаните 4:19
Сине мој, внимавај на моите зборови, наведни го своето уво кон моите беседи; не ги губи никогаш од пред очите, пази ги среде своето срце; зашто се живот за оние кои ги наоѓаат и исцелување на сето нивно тело. Изреки 4:20-22
Тој во своето тело ги понесе нашите гревови на столбот, за да ги оставиме гревовите и да живееме за праведноста. „Преку неговите рани сте излекувани.“ Петрово 2:24
”Дојдете при Мене сите, кои се трудите и сте обременети, и Јас ќе ви дадам одмор. Земете го Мојот јарем на себе и научете се од Мене, зашто Јас сум кроток и понизен по срце; и ќе најдете одмор на своите души; зашто Мојот јарем е пријатен и Моето бреме е лесно.” Матеј 11:28-30
Господ ќе го пази и ќе го одржи во живот и ќе му даде среќа на земјата; и нема да го предаде во рацете на непријателот негов. Господ ќе му помогне кога лежи болен в постела. Ти ја исцелуваш секоја болка при болеста негова. Псалм 41:2-3
