Библиски стихови за осаменоста

Еве, ова ти заповедам Јас: биди цврст и храбар, не плаши се и не се ужасувај, зашто Господ, твојот Бог, е заедно со тебе, каде и да одиш.“
Исус Навин 1:9

Барајте Го Господа и Неговата сила, барајте го секогаш Неговото лице!
1 Летописи 16:11

И така, што да речеме на ова? Ако е Бог за нас, кој ќе биде против нас?
Римјаните 8:31

Преку води ли ќе минуваш – Јас сум со тебе; преку реки ли – тие нема да те потопат; ако тргнеш преку оган, нема да се изгориш, и пламенот нема да те обгори.
Исаија 43:2

И секоја своја грижа фрлете ја на Него, зашто Тој се грижи за вас.
1 Петар 5:7

И Господ ќе тргне Самиот со тебе, Самиот ќе биде со тебе, нема да отстапи од тебе и нема да те остави: не плаши се и не ужасувај се.“
Второзаконие 31:8

Никој нема да ти се спротивстави во текот на сите денови од твојот живот; и како што бев со Мојсеј, така ќе бидам и со тебе: нема да те оставам, ниту ќе те презрам.
Исус Навин 1:5

Не плаши се, зашто Јас сум со тебе; не вознемирувај се, зашто Јас сум Бог твој; Јас ќе те закрепам и ќе ти помогнам, ќе те поддржам со Мојата победо­носна десница.“
Исаија 41:10

И еве, Јас Сум со вас во сите дни до свршетокот на светот. Амин!”
Исус Христос во Евангелие според Матеј 28:20

Библија На Македонски
Logo
Shopping cart