








Стравот му поставува стапица на човекот, а кој се надева на Господа, наоѓа закрила.
Изреки 29:25
И им рече: „Зошто се плашите толку? Како немате вера?“ И ги опфати голем страв, и говореа еден на друг: „Кој е Овој, што и ветерот и морето Му се покоруваат?“
Марко 4:40–41
Зашто Бог не ни даде дух на страв, туку дух на сила, љубов и разбраност.
2 Тимотеј 1:7
Ако тргнам и низ долината на смртната сенка, нема да се уплашам од злото, зашто Ти си со мене. Твојот жезал и Твојата палка ме утешуваат.
Псалм 23:4
Љубовта не остава место за страв. Совршената љубов го исклучува стравот, бидејќи стравот подразбира казна, а тој што се плаши нема искрена љубов.
1 Јован 4:18
„Не бој се, зашто Јас те откупив; те повикав по име, ти си Мој! Кога преминуваш преку вода, со тебе Сум; или преку река, нема да те потопи. Ако тргнеш низ оган, не ќе изгориш, пламенот нема да те опали.
Исаија 43:1–2
Биди силен и биди храбар? „Не бој се и не плаши се, зашто каде и да тргнеш, со тебе е Господ, твојот Бог.“
ИСУС НАВИН 1:9
Бидете цврсти и храбри, не плашете се и не ужасувајте се од нив, зашто Господ, твојот Бог, Самиот ќе тргне пред вас, и нема да отстапи од тебе и нема да те остави.“
Второзаконие 31:6
Не плаши се, зашто Јас сум со тебе; не вознемирувај се, зашто Јас сум Бог твој; Јас ќе те закрепам и ќе ти помогнам, ќе те поддржам со Мојата победоносна десница.“
Исаија 41:10
